Логистика што го движи
вашиот бизнис напред.

Обезбедуваме сигурен и ефикасен транспорт на стоки низ Европа и пошироко. Со повеќе од 25 години искуство, ние сме вашиот доверлив логистички партнер.

Скролирај надолу

За Фирмата

За МултиШпед

МултиШпед како компанија е посветена да достави сигурен транспорт најбезбедно и на најбрз можен начин. Нашите складишта и развиена мрежа од камионски, бродски, железнички и контејнерски транспорт функционира во динамична кохезија за вашите пратки да пристигнат до саканата дестинација без никаков проблем. Меѓународниот транспорт на стоки го извршуваме по конкурентни цени базирани врз моменталните услови на пазарот. Квалитетот на извршените услуги е секогаш на највисоко ниво.

Директор: Серафимовски Влатко

0+

Тони годишно

0ч

Видео надзор на целиот објект

0

Царински лиценци

Мисија

Нов стандард за квалитет

Компанијата MultiSped се стреми да постави нов стандард за квалитет во курирските услуги на Македонскиот пазар. Со млад и мотивиран тим, сакаме да градиме трајни вредности преку постојано подобрување на услугите што ги нудиме, развивање на нашата мрежа и одржување партнерски односи со нашите клиенти. Вредностите што ги негуваме се, пред сè, професионализам, почитување на високите етички стандарди и меѓусебна доверба со нашите клиенти.

Визија

Синоним за квалитетна услуга

Нашата визија е да станеме синоним за квалитетна услуга, создавајќи нови трендови и стандарди, како во областа на бизнисот, така и во областа на животот.

Што Нудиме

Транспортни Услуги

Камионски Транспорт

Камионски Транспорт

Организираме и извршуваме масовен транспорт со секакви видови на камиони.

Поморско-Контејнерски Транспорт

Поморско-Контејнерски Транспорт

Бродската опрема, складирањето и чувањето на стоките го извршуваме преку нашите партнери во главните европски пристаништа.

Железнички Транспорт

Железнички Транспорт

Секојдневно транспортираме маршутни возови и поединечни пратки кон и од правец на сите железнички станици.

Сервисни Услуги

Нашата мисија е да ги претвориме логистичките предизвици во ваша конкурентна предност преку стручно застапување, безбедно складирање и ефикасна дистрибуција на вашите производи.

Царински Формалности

Целосно посредување при сите увозни и извозни царински постапки за непречен проток на вашата стока.

Специјални транспорти, вадење на дозволи за специјални транспорти

Комплетна организација на вонгабаритен транспорт со соодветна техничка опрема и логистичка поддршка.

Скратени Царински Формалности

Примена на поедноставени процедури за значително забрзување на процесот на царинско ослободување.

Оделение за потекло на стоки

Стручна помош при дефинирање на преференцијалното и непреференцијалното потекло на вашите производи.

Складишни услуги

Комплетно управување со залихите, етикетирање и подготовка на пратките за понатамошна дистрибуција.

Сопствен царински склад

Безбедно и ефикасно складирање на вашата стока во модерно опремени простории со 24/7 видео надзор.

СЕКТОРИ

Наши клучни сектори

Преглед на организационите единици кои ги придвижуваат нашите услуги. Со посветеност кон прецизност и доверливост, нудиме комплетни решенија прилагодени на вашите специфични бизнис потреби.

Логистика

Транспортна мрежа / Глобална дистрибуција

Логистика

Долгогодишното искуство и специјализираниот тим на вработени нудат високо ниво на логистички услуги. Логистичките решенија базирани на искуство, доверба и исплатливост нудат огромна предност во задоволување на потребите на коминтентите. Вршиме секаков вид на транспорт, од масовни транспорти до збирни утовари, нудиме и 24 часовно следење на возилата, со што придонесуваме нашите коминтенти да се задоволни од нашата точност, одговорност и експедитивност.

Комерцијала

Трговско работење / Клиентска поддршка

Комерцијала

Ова одделение е одговорно да овозможи исплатливи и доверливи решенија на своите коминтенти во задоволувањето на нивните потреби и барања. Ги следи пратките на коминтентите, нивното навремено и безбедно пристигнување до која било дестинација, не зависно од видот на транспортот.

Финансии

Економско управување / Девизен промет

Финансии

Следење на обврските и побарувањата со фирмите со кои соработуваме и комплетно девизно работење во надворешно – трговскиот промет. Стратешки принципи во работењето се квалитетно извршување на нашите услуги, постојани вложувања и негувањето на добрите односи со фирмите со кои имаме долгорочни договори. Секој вработен е должен квалитетно, темелно, навремено, ефикасно и со најмалку можни трошоци да ги извршува работните обврски.

Фирми кои ни веруваат

Долгорочни партнерства засновани на доверба и квалитет

liberty-steel
mm-militzer
makstil
mbm-port
european-plants
fakom
ats
makpetrol
dith
madame-coco
esm
zeleznici-mk

Да изградиме успешно партнерство заедно.

Тука сме да ви помогнеме со сите ваши барања поврзани со транспорт, царинење и складирање. Споделете ги вашите потреби и ќе ви понудиме ефикасно решение прилагодено на вашиот бизнис.

Стапете во контакт

Е-МАИЛmultisped2001@multisped.com.mk
ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ+389 2 2447441 | +389 2 2447442
Ул. 34 бр. 12 Илинден 1000 Скопје, Р.Македонија

Следете не на: