Multisped

За Мултишпед

Мултишпед како компанија е посветена да достави сигурен транспорт најбезбедно и на најбрз можен начин. Нашите складишта и развиена мрежа од камионски, бродски, железнички и контејнерски транспорт функционира во динамична кохезија за вашите пратки да пристигнат до саканата дестинација без никаков проблем. Мегународниот транспорт на стоки го извршуваме по конкуренти цени базирани врз моменталните услови на пазарот. Квалитетот на извршените услуги е секогаш на највисоко ниво.

Директор: Серафимовски Влатко

250000+
Тони годишно
87%
Позитивен фидбек
24ч
Видео надзор на целиот објект
18
Царински лиценци

Транспортни Услуги

TRUCK TRANSPORT

SEA-CONTAINER TRANSPORT

RAILWAY TRANSPORT

Камионски Транспорт

Поморско-Контејнерски Транспорт

Железнички Транспорт

Сервисни Услуги

Логистика

Долгогодишното искуство и специјализираниот тим на вработени нудат високо ниво на логистички услуги. Логистичките решенија базирани на искуство, доверба и исплатливост нудат огромна предност во задоволување на потребите на коминтентите. Вршиме секаков вид на транспорт, од масовни транспорти до збирни утовари, нудиме и 24 часовно следење на возилата, со што придонесуваме нашите коминтенти да се задоволни од нашата точност, одговорност и експедитивност.

Комерцијала

Ова одделение е одговорно да овозможи исплатливи и доверливи решенија на своите коминтенти во задоволувањето на нивните потреби и барања. Ги следи пратките на коминтентите, нивното навремено и безбедно пристигнување до која било дестинација, не зависно од видот на транспортот.

Финансии

Следење на обврските и побарувањата со фирмите со кои соработуваме и комплетно девизно работење во надворешно – трговскиот промет.

Стратешки принципи во работењето се квалитетно извршување на нашите услуги, постојани вложувања и негувањето на добрите односи со фирмите со кои имаме долгорочни договори. Секој вработен е должен квалитетно, темелно, навремено, ефикасно и со најмалку можни трошоци да ги извршува работните обврски. Вработените не смеат да помагаат во кршењето ниту да прикриваат кршење на законитоста а доколку забележат, треба на писмено да го известат работодавецот.

Лиценци

Контакт

Ул. 34 бр. 12 Илинден 1000 Скопје, Р.Македонија 

+389 2 2447441 | +389 2 2447442 | +389 2 2447407  
 multisped2001@multisped.com.mk 

Напишете ни e-mail

    Вашето име (задолжително)

    Вашиот Email (задолжително)

    Предмет

    Вашата порака